Отворен ден со граѓаните на Општина Илинден на 25 ноември во просториите на Општината

Општина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2024 година, за таа цел ги известуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица дека ќе се одржи отворен ден во просториите на Општината на 25 ноември (сабота), со почеток од 10.30 до 13.30 часот и активно, заеднички да го креираме буџетот.

Ученици од Општина Илинден во посета на градоначалникот Александар Георгиевски и локалната самоуправа

Во рамки на воспитно-образовната програма во ООУ„Гоце Делчев“, ученици од четврто одделение беа во посета на градоначалникот, Александар Георгиевски и локалната самоуправа.

Реконструкција на главната улица во Бунарџик

Во рамки на реалзација на проектот за реконструкција, рехабилитација и санација на локални патишта и улици, Општина Илинден отпочна со градежни активности за целосна реконструкција на главната улица во населеното место Бунарџик. Со градежните активности кои се во тек се врши целосно реконструирање на улицата и нејзино асфалтирање во вкупна должина од околу 500 метри,…

Со богата музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“

Учениците од ООУ ,,Ристо Крле” од Кадино како и подрачните училишта во Мралино и Бунарџик на свечен начин и со повеќе дневна програма и активности го одбележаа патрониот празник на училиштето.