Одбележана 24-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

Денес, општина Илинден, со положување свежо цвеќе пред спомен плочата на Роберт Петковски, во населеното место Бунарџик, ја одбележа 24-та годишнина од неговата смрт. Како припадник на Министерството за одбрана, тој трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.

Продолжува реализацијата на Ерасмус+  проектот „Зелени микроакредитиви“

Продолжува реализацијата на Ерасмус+  проектот „Зелени микроакредитиви“ поради што утре во Општина Илинден ќе се реализира настан Зелени вештини во програмите за постсредното образование – можности за мобилност и конкурентност на пазарот на труд“. 

Во општина Илинден се одржа велосипедска тура „Експедиција низ срцето на Илинден 2025“

И оваа година во општина Илинден се одржа велосипедската тура ,,Експедиција низ срцето на Илинден 2025”, во организација на Здружението МТБ Илинден, со поддршка на Општина Илинден. На настанот официјално беа пријавени 200 велосипедисти од целата држава, додека неофицијално присуствуваа рекордни 250 учесници.

Пуштено во употреба детско игралиште во Илинден

Општина Илинден континуирано работи на урбанизација на сите населени места. Овој пат, најголема насмевка на лицата имаа најмалите жители на населеното место Илинден, кои добија ново детско игралиште.

Општина Илинден започнува со реконструкција на спортско игралиште во Кадино

Општина Илинден постојано работи на реконструкција и урбанизација на сите населени места со цел задоволување на потребите на сите граѓани. Деновиве е започната реконструкција на спортско игралиште во населеното место Кадино, поточно во дворот на основното училиште „Ристо Крле“. Со оваа реконструкција е предвидено поставување на нова заштитна ограда, осветлување со нови столбови и рефлектори,…