Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 11.07.2025 год. (петок ) со почеток во 22:00 часот, ќе се изврши второто терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Известување за прекин на водоснабдување

Се известуваат граѓаните од населените места Миладиновци, Бујковци, Текија и Дељадровци кои се снабдуваат со вода за пиење од системот на ОКТА дека поради планирани активности на трафостаница од страна на АД Рафинерија за нафта – ОКТА на 06.07.2025 година (недела) во период од 08:00 до 17:00 часот ќе останат без вода за пиење.   

Општина Илинден обезбедува нова социјална услуга: „Помош и нега во домот“ за стари лица и лица со попреченост

Општина Илинден, во партнерство со Здружението „Моето гнездо“, во рамки на Третиот јавен повик за развој на социјални услуги, започнува со реализација на нова социјална услуга „Помош и нега во домот“. Услугата е наменета за лица над 65 години, како и за лица со попреченост, со цел да им се обезбеди континуирана грижа во домашни…

Бесплатни анализи на почвата во општина Илинден

Во насока на унапредување на земјоделското производство, Општина Илинден и годинава ја реализираше акцијата за испитување на квалитетот на обработлива почва на територијата на општината. Земени се примероци од вкупно 20 локации, опфаќајќи ги сите населени места во општина Илинден.

Одржана четвртата средница на Штабот за заштита и спасување на општина Илинден

Во просториите на Општина Илинден се одржа четвртата седница на Штабот за заштита и спасување на општина Илинден со која раководеше командантот, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, а покрај членовите од Штабот присуствуваа и претставници од јавните претпријатија од Општината како и претставници од ОКТА, Макпетрол, ТАВ, ПО Петровец, од Општинскиот противпожарен сојуз на…