Општина Илинден домаќин на 28-те регионални спортски игри на пензионери

На спортските терени во Општина Илинден се одржаа 28-те регионални спортски игри на пензионери од првиот регион, во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, домаќин е Здружението на пензионери „Илинден“, а целиот настан е со поддршка на Општина Илинден.

Професионална Велосипедска трка „Трофеј Илинден“

И оваа година во Општина Илинден за сите љубители на велосипедизмот се одржа Велосипедската трка „Трофеј Илинден“ во организација на Општина Илинден, а во соработка со Велосипедската федерација на Република Македонија, во должина од 100 километри.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани граѓани, По повод спортската манифестација „Денови за спорт на младите во општина Илинден” , на ден 16 јуни (недела) 2024 година со време траење од 12:00 часот до 16:00 часот, Општина Илинден ќе организира Велосипедска трка во соработка со Велосипедска федерација. Настанот ќе има два дела и тоа велосипедска трка за рекреатвци и професионалци.…

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 17.06.2024 год. (понеделник ) со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши првото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Општина Илинден и годинава со финансиска поддршка за спортистите

И оваа година Општина Илинден објави Јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на општина Илинден. Јавниот повик е наменет за спортисти жители на општина Илинден кои се натпреваруваат на олимписки игри, светско првенство, , европско, балканско и национално првенство без оглед на возраста и спортистот во сите категории, во…

Доделени Решенија на граѓани за субвенции на велосипеди

Во просториите на Општина Илинден Градоначалникот Александар Георгиевски и оваа година ги додели Решенијата на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување на велосипеди.