Општина Илинден во соработка со ЗЕЛС ќе реализира повеќе проекти

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со Ивана Серафимова од ЗЕЛС, која е координатор на регионалниот проект “Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“. На средбата, градоначалникот беше информиран за тековните активности околу реализацијата на овој регионалниот проект. Исто така, се разговараше и за проектите што во наредниот период…

Известување – градежни работи на реконструкција на улица „532“

Се известуваат граѓаните дека од 16.11.2021 година (вторник), ќе продолжат градежните работи на реконструкција на улица „532“, во должина од 2000 метри.На местото на изведување на градежните работи ќе се применува изменет времен режим на сообраќај, со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Советот ги донесе Измените и дополнувањата на Буџетот за 2021 година

Советот на Општина Илинден ја одржа Втората вонредна седница на која советниците изгласаа Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Илинден за 2021 година, со цел порационално искористување на средствата во Буџетот.

Градоначалникот Александар Георгиевски изврши увид во изградбата на новото основно училиште

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во изградбата на новото општинско основно училиште во населба Илинден. Притоа, на самото место тој се запозна со деталите околу тоа како се одвива изградбата на училишната зграда која што треба да биде завршена до крајот на годината, а првите ученици да ги прими на почетокот од…

Промовирани мерките од програмата „Економија на грижа”

Во организација на UNDP и Хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден” во конференциската сала на Домот на култура „Илинден” се одржа информативна средба посветена на програмите, активностите и актуелните мерки од програмата „Економија на грижа”.