Општина Илинден потпиша договор за реконструкција на регионалниот пат Илинден – Јурумлери

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Герогиевски, потпиша договор за реконструкција на регионалниот пат Илинден – Јурумлери, со Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Со проектот се предвидува реконструкција на најоштетениот дел од патот, односно од потегот на улица „19“ во населба Илинден кон населеното место Јурумлери, во должина од околу половина километар и широчина…

Извршена втора ларвицидна дезинсекција

Во рамки на „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“ за 2026 година, Општина Илинден спроведува активности за второ прскање против ларви од комарци на целата своја територија.

Општина Илинден домаќин на Државното првенство во женски фудбал и футсал за основни училишта

Во Општина Илинден свечено беше отворено Државното првенство во женски фудбал и футсал за основни училишта, во организација на Училишниот спортски клуб „БРАМИЛ“, Сојузот на училишен спорт Илинден, Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Општина Илинден.

Oпштина Илинден објавува Јавен повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клими или соларни панели

Општина Илинден, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на жителите, и оваа година продолжува со спроведување на Јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели, со цел унапредување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина.

Општина Илинден започна со асфалтирање на локалниот пат Мршевци – Дељадровци

Општина Илинден започна со асфалтирање на локалниот патен правец што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци, проект од особено значење за подобрување на локалната патна инфраструктура и безбедноста во сообраќајот.