Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски даде отчет за сработеното

Како ново-избран градоначалник, се обврзав пред Вас дека општина Илинден ќе биде сервис на граѓаните и дека секогаш ќе биде во функција на континуирано креирање услови за одржлив развој на локалната заедница, како и создавање на услови за поквалитетно живеење на своите жители. За мене одговорното, транспарентно и отчетно работење е принцип на функционирање што…

Изградба на колекторскиот систем во Миладиновци

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид во работните активности во населеното место Миладиновци, каде во тек е изградба на колекторскиот систем во должина од 700 метри, кон кој ќе бидат приклучени околу 100 домаќинства на фекална канализација. Истите во наредниот период ќе бидат поврзани на пречистителната станица во ова населено место.

Градинката „Гоце Делчев“ го одбележа патрониот празник

Со работна средба и доделување плакети за успешно и посветено работење на вработените кои повеќе од 10 години се грижат за најмладите, детската градинка „Гоце Делчев“ од општина Илинден по 13-ти пат го одбележа патрониот празник.