СООПШТЕНИЕ

се известуваат сите жители на општина Илинден дека јавниот повик за доделување на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели во 2024 година е затворен поради исцрпување на финансиските средства поради што повеќе нема да се примаат барања во архивата на општина Илинден.

Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев” во општина Илинден

Во знакот на фолклорот и традицијата учениците од ООУ „Гоце Делчев” со бројни активности и културно уметничка програма го одбележаа патронатот на училиштето и 121. годишнина од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Бесплатна анализа на почвата во општина Илинден

Со цел унапредување на земјоделието, Општина Илинден и оваа година спроведе акција за испитување на квалитетот на обработливата почва од 20 локации од целото подрачје на општината во сите населени места. Агрохемиските анализи за квалитет на почва се направени во акредитирана лабораторија  на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели

Врз основа на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година и Правилникот за   условите ,  начинот  и критириумите за  доделување  на финансиски средства во вид на  еднократна парична помош за набавка на велосипеди,  инвертер клими односно соларни панели и  помош за млади претприемачи во Општина Илинден донесен од…