Одбележување на Водици 2026

По повод претстојниот христијански празник Богојавление – Водици, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотел „Белви“ во н.Илинден, во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден.

Општина Илинден ја зголемува финансиската поддршка за новороденчиња

Како една од најбрзорастечките општини во регионот, со континуиран пораст на бројот на жители, Општина Илинден постојано се труди да обезбеди активни мерки за поддршка на младите семејства.

Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ.

Среќна Нова 2026 година

Посакувам 2026 да биде година на многу работа и успеси на сите полиња, година со многу проекти кои ќе придонесат за подобар живот на сите жители на општина Илинден и Република Македонија. Нека биде 2026 година на разбирање, солидарност и нови можности. Ви посакувам среќни празници, многу радост, успех, топлина и благосостојба во Вашите домови.

Викенд исполнет со празнична магија на „Патека на радоста“

Плоштадот во населеното место Марино за време на викендот беше центар на празнична магија, радост и заедништво, каде голем број граѓани од сите возрасти уживаа во новогодишната магија на „Патека на радоста“, во организација на општествено одговорни компании и под покровителство на Општина Илинден.

Градоначалникот Александар Георгиевски со хуманитарна и образовна поддршка за учениците и здруженијата

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, реализираше хуманитарна и образовна активност, при што на учениците на кои им е најпотребно им подари смарт таблети.