Регионална средба на комунални претпријатија во Општина Илинден

Општина Илинден и оваа година е домаќин на Регионалната средба на комунални претпријатија која е во организација на Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ, согласно проектот „Со подигнување на јавната свест до одржливи комунални услуги“.

Граѓаните на Илинден вклучени во креирањето на Буџетот за 2024 година

Општина Илинден и оваа година ги вклучува граѓаните во креирањето на Буџетот за наредната година, такашто од денеска 15.11.2023 година до 30 ноември 2023 година ќе се реализира процесот на изработка на новиот Буџет за 2024 година.

Асфалтирана раскрсницата Кадино-Бунарџик-Миладиновци

Општина Илнден континуирано работи на подобрување и модернизирање на локалната патна инфраструктура, со цел обезбедување подобри услови за граѓаните. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта денеска се асфалтираше раскрсницата Кадино-Бунарџик-Миладиновци.

Пуштено во употреба игралиште за баскет во Мралино

Во рамки на повеќе дневните активности за одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“, денеска беше пуштено во употреба игралиштето за баскет кое се наоѓа до подрачното училиште Ристо Крле во населеното место Мралино.

Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2023” во општина Илинден

Центарот на спортските случувања денес беше во Општина Илинден, каде во спортската сала ,,Гоце Делчев” свечено беше отворен 12. Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2023”. Турнирот е во организација на Македонската џиу џица федерација, а учествуваа преку 250 борци и тоа од  клубови од Германија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина, Словенија,…