Општина Илинден континуирано ја подобрува патната инфраструктура

Општина Илинден продолжува со активности за унапредување на животниот стандард на граѓаните, преку интензивна градежна офанзива насочена кон подобрување на патната инфраструктура во сите населени места. Во рамките на програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, целосно е асфалтирана улицата „15“ во населбата Илинден. Улицата е со вкупна должина од 270…

Општина Илинден го уредува туристичкиот локалитет „Бучинско езеро“

Општина Илинден континуирано работи на урбанизирање и модернизирање на сите населени места. За таа цел во завршна фаза е урбаното уредување на просторот околу туристичкиот локалитет „Бучинско езеро“ во населеното место Бучинци.

Асфалтирање со втор слој асфалт на улица „8“ во населба Илинден

Со поставување на вториот асфалтен слој на улица „8“ во должина од 500 и широчина од 6 метри се комплетираше реконструкцијата на една од главните сообраќајници во населба Илинден. Со активностите беше опфатено асфалтирање во два слоја на улицата, изградба на нов тротоар во должина од 550 метри и широчина од 1,5 метри, изградба на…

Изградбата на фекална канализација во месноста Плац

Во насока на проектот изградбата на фекална канализација во населба Илинден во месноста викана Плац, се продолжи со градба на фекална канализација на најнискиот и најкритичниот дел од населеното место Илинден и зафаќање на куќите кои најчесто беа поплавувани при појава на врнежливи денови.