Општина Илинден започна со реконструкција на улица „111“ во м.в Јака – Марино

Општина Илинден продолжува со реализација на проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура, при што деновиве започна реконструкцијата на улицата „111“ во месноста Јака, во населеното место Марино.

Комплетно завршено асфалтирањето на улица „103“ во м.в Јака – Марино

Во Општина Илинден со засилено темпо продолжуваат инфраструктурните зафати. Со асфалтирање на вториот и завршен слој, улицата „103“ е комплетно завршена и подготвена за користење.

Започна градежната офанзива во Општина Илинден

Градежната офанзива во Општина Илинден започна со активностите за асфалтирање на новоизградената улица „103“ во м.в. Јака во н.м. Марино. Оваа улица е во вкупна должина од 512 метри и широчина од 6 метри, со тротоари од двете страни на улицата со широчина од 1,5 метри.

Бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот парк-плоштад во н.м Марино

Општина Илинден во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) започна со реализација на активностите за поставување бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот современ урбан парк-плоштад во н.м Марино.

Завршна фаза на градежните активности за изградба на паркинг простор и заштитна ограда

Проектот за изградба на нов паркинг простор во рамки на Средното општинско стручно училиште „Илинден“ е во завршна фаза. Општина Илинден со оваа инвестиција овозможи паркинг простор на површина од приближно 550м², со капацитет за од околу 30 возила, кој ќе се користи за потребите на училиштето, со што ќе се овозможат подобри услови за…

Отпочна изградбата на улица „103“ во Јака

Во рамки на активностите за изградба на нови улици и патишта, се отпочнаа градежните работи за изградба на улица „103“ во населба Јака, во вкупна должина од 512 метри, тротоари од двете страни на улицата од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри, како и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозот.