Асфалтирање на улица „119“ во Јака

Во рамки на активностите за изградба на нови улици и патишта, деновиве беше извршено комплетно асфалтирање на улица „119“ во населба Јака, во вкупна должина од 550 метри, тротоар од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри, како и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозот.

Општина Илинден започна со изградба на нов урбан парк – плоштад

Општина Илинден континуирано се труди да го урбанизира и уреди јавниот простор во сите населени места. На тој начин се обезбедуваат модерно уредени урбани катчиња, каде граѓаните можат да го поминуваат слободното време. Со таа цел започната е изградба на нов урбан парк со повеќе содржини во н.м. Марино.

Пуштено во употреба детско игралиште во Илинден

Општина Илинден континуирано работи на урбанизација на сите населени места. Овој пат, најголема насмевка на лицата имаа најмалите жители на населеното место Илинден, кои добија ново детско игралиште.

Општина Илинден пушти во употреба две детски игралишта во Мралино

Општина Илинден постојано работи на реконструкција и урбанизација на сите населени места со цел задоволување на потребите на сите граѓани. Деновиве, израдувани беа најмалите жители на населеното место Мралино, кадешто во употреба беа ставени две детски игралишта.

Општина Илинден започна со изградба на тротоар на дел од улица „2“ во населба Илинден

Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура – изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, Општина Илинден започна со изградба на тротоар на дел од улица „2“, во населба Илинден. Работите се одвиваат на потегот од раскрсницата на улица „2“ со улица „7“ до мост на секундарен А – канал,…