Изготвена техничка документација за изградба на фекална канализација за дел од Миладиновци

Во рамки на Проектот за изградба на фекална канализација во општина Илинден се продолжи со активностите за изготвување на проектна документација за делови од населените места кои не беа опфатени со техничка документација за изградба на фекална канализација. За таа цел денес се изврши јавна презентација на техничката документација за изградба на фекална канализација за…

Асфалтирање на улица „1“ во Јака

Инфраструктурните активности во Општина Илинден продолжуваат со динамично темпо – во населеното место Јака во тек е финалната фаза од изградбата на сервисната улица „1“. Во моментов се врши асфалтирање на коловозот, со што проектот влегува во својата завршна етапа.

Изградба и асфалтирање на улица во локалната економска зона, Стопански комплекс Илинден

Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура во општина Илинден.

Нови линии за улично осветлување на повеќе локации во општината

Општина Илинден продолжува со реализација на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.

Општина Илинден интензивно работи на поставување фекална канализација во н.м Кадино

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид во изградбата на фекалната канализација за дел од населеното место Кадино, во општина Илинден.