Поставена нова хоризонтална и вертикална сигнализација низ општина Илинден

Во областа на патната инфраструктура, од особена важност за унапредување на безбедноста во сообраќајот е редовното одржување и обележување на локалните улици и патишта, со што се обезбедува поголема видливост и уредност на вертикалната и хоризонталната сообраќајна сигнализација, а со тоа се обезбедува и поголема сигурност за сите учесници во сообраќајот, особено за најранливите категории,…

Асфалтирана ул. „30“ во населба Илинден

Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, Општина Илинден изврши целосната реконструкција на улицата „30“ во населбата Илинден, во м.в. Плац. Станува збор за сообраќајница долга 600 метри и широка 4 метри, којашто доби целосно обновен и современ изглед.

Нов препумпен уред за фекална канализација во населба Илинден

Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден се реализираат градежните работи за поставување и монтажа на препумпен уред во населено место Илинден.

Увид во изградбата на секундарната линија на фекална канализација во месноста Плац

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денес изврши увид на градежните работи за изградба на секундарната линија на фекална канализација, која е неопходна да се извршат приклучоците за домаќинствата на веќе изградената фекална канализација во месноста Плац, во Илинден.