Општина Илинден продолжува со реконструкцијата на улица „8“ во населба Илинден

Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта продолжија градежните активности за реконструкцијата на улица „8“, во населба Илинден.

Инвестиции во ООУ „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети ООУ „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, пришто заедно со директорот на училиштето Дарко Петковски направија увид во активностите кои се спроведени во изминатиот период во ова училиште.

Во општина Илинден светиот крст во рацете на Јовица Јаневски

По повод големиот христијански празник Богојавление (Водици) и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст, под покровителство на Општина Илинден. Годинава во водите на езерото кај хотелот Белви светиот крст го положија свештениците на црквата Св. Константин и Елена.