Осветен возобновениот храм „Света Троица“ во Бучинци
Во присуство на поголем број верници, во населеното место Бучинци на свечен начин беше осветен возобновениот храм „Света Троица“.
Во присуство на поголем број верници, во населеното место Бучинци на свечен начин беше осветен возобновениот храм „Света Троица“.
Oпштина Илинден интензивно работи на подобрување на постоечката локална патна инфраструктура. Деновиве се отпочнува со реконструкција на повеќе локални улици низ општината, со што ќе се создадат подобри услови за живеење, како и зголемување на безбедноста во сообраќајот.
На спортските терени во општина Илинден изминатите два дена се одржа спортската манифестација ,,Денови на спорт на младите во општина Илинден”, на кои се натпреваруваа учениците од основните општински училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште ,,Илинден”.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски приреди прием на членовите на ФК Гроздановски, кои го освоија шампионското место во Македонија со генерациите 2009 и 2013, на финалните натпревари од ФФМ Детска лига за сезона 2022 година.
Во општина Илинден на 08.06.2022 (среда) и 09.06.2022 (четврток), на спортските терени во општина Илинден, ќе се одржи спортската манифестација ,,Денови на спорт на младите во општина Илинден”, на кои ќе се натпреваруваат учениците од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште ,,Илинден”.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски приреди прием во чест на учениците од основните училишта од општина Илинден кои освоија високи места на државните натпревари.