Месната заедница-Илинден одбележа 55 години од формирањето
Денеска во Домот на култура ,,Илинден” беше одбележана 55 годишнината од формирањето на Месната заедница-Илинден, на која присуствуваа нејчините членови.
Денеска во Домот на култура ,,Илинден” беше одбележана 55 годишнината од формирањето на Месната заедница-Илинден, на која присуствуваа нејчините членови.
Општина Илинден започна со изградба на паркинг простор за преку 30 возила во ООУ ,,Гоце Делчев”. Паркинг просторот се гради во задниот дел на училиштето на површина од околу 600м2, ограден со зелена површина, а предвиден е дел и за велосипеди.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Н.Е. Ангел Ангелов.
Пуштено во употреба првото детско игралиште во населбата Јака во општина Илинден. Во рамки на игралиштето поставени се детски реквизити, нишалки и лизгалки, пристапна патека, поставени се клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.
Во Домот на култура во Општина Илинден се одржа 21.Регионална ревија на песни, музика и игри на пензионерски здруженија од регионот, во организација на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, а домаќин е Здружението на пензионери – Илинден.
Учениците од ООУ ,,Гоце Делчев” со бројни спортски активности и изложбени работилници го одбележаа патронатот на училиштето и 120. годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Традиционално одбележувањето на патрониот празник почна со положување на свежо цвеќе пред бистата на македонскиот великан Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ…