Со ,,Саем на домашно вино” и закројување на виновата лоза одбележан празникот на лозарите во општина Илинден

Традиционално со закројување на виновата лоза во дворот на црквата Свети Трифун во населеното место Ајватовци,  Општина Илинден го одбележа празникот на лозарите. Празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија што се одржа пред голем број верници.

Објавен Годишен извештај за работењето на Општина Илинден за 2022 година

Општина Илинден изготви Годишен извештај за работењето за 2022 година, при што се објавени поголем дел од проектите на кои се работеше во текот на изминатата година, а се од областа на комуналната и патната инфраструктура, животната средина, образованието, културата, спортот и уште многу други.

Одбележан патрониот празник на детската градинка ,,Гоце Делчев” во општина Илинден

Со прекрасно продготвена приредба, пред поголем број гости, меѓу кои и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на свечен начин го одбележа 14-тиот патронен празник и 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев.

Општина Илинден изврши замена на старите вакуум пумпи во пумпната станица Јурумлери

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод” од Илинден, Ивица Трипуновски денеска направија увид во пумпната станица Јурумлери, каде беа заменети старите вакуум пумпи за гасно хлорирање на водата во оваа пумпната станица.

Презентирани позитивните промени од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во Општина Илинден

Во рамки на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, во Општина Илинден се одржа работен состанок на кој присуствуваа, градоначалникот  Александар Георгиевски,  директорот на Проектот г. Бардул Марку заедно со тимот од Проектот како и претставници од Општината.