Започна манифестацијата „Денови на културата 2026“

Со изведбата на детската театарска претстава „Распеана турли тава“, денес, во Домот на култура „Илинден“ официјално започна традиционалната културна манифестација „Денови на културата 2026“ – „27. Литературна манифестација“, во организација на Општина Илинден.

Денови на културата во Општина Илинден 2026 – „27. Литературна манифестација“

Општина Илинден и оваа година продолжува со негување и промоција на културата, литературата и уметноста преку манифестацијата „Денови на културата“, која ќе се одржи на 11, 12 и 13 мај 2026 година во Домот на култура „Илинден“. 

Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“

Учениците и наставниот кадар од ООУ „Гоце Делчев“ и оваа година со достоинство и почит го одбележаа патрониот празник на училиштето и 123-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

„Експедиција низ срцето на Илинден 2026“ обедини стотици велосипедисти и планинари

Во Општина Илинден и оваа година успешно се реализираше традиционалниот спортско-рекреативен настан „Експедиција низ срцето на Илинден“, кој прераснува во препознатлива манифестација што обединува стотици љубители на спортот и природата од целата држава.

Општина Илинден во фокусот на регионалниот економски развој со „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2026“

Регионалниот саем за економски развој „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2026“ со голем успех се реализира во општина Илинден и денес го заокружува тридневното издание, оставајќи силен впечаток како еден од најзначајните економски настани во регионот.

Официјално започна Вториот регионален саем за економски развој „ЕКСПО ИЛИНДЕН“

Во спортската сала „Гоце Делчев“ во н.м Илинден свечено беше отворен Вториот регионален саем за економски развој „ЕКСПО Илинден“, кој прераснува во значаен настан за поттикнување на локалниот и регионалниот економски раст.