Завршна приредба на дечињата од детската градинка ,,Гоце Делчев” од општина Илинден

Со завршна приредба детската градинка ,,Гоце Делчев” од општина Илинден испрати уште една генерација во прво одделение. Со драмска претстава за Црвенкапа и волкот, песна и игра идните првачиња, кои од септември ќе седнат во училишните клупи, се поздравија со своите воспитувачки.

Со богата музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“ во општина Илинден

Учениците од ООУ ,,Браќа Миладиновци” од Миладиновци го одбележаа патрониот празник на училиштето со богата музичка програма во име на среќата и безгрижната игра.

Македонски родољубиви стихови на поетска вечер во Илинден

,,Нашинска, татковинска” беше насловот на поетската вечер посветена на современата македонска родољубива поезија, во Домот на култура ,,Илинден” со која беа заокружени Деновите на културата во општина Илинден, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија.

Отворена манифестацијата ,,Денови на култура во општина Илинден 2023”

Со одржување на низа настани во Домот на култура Илинден започна традиционалната 24-тата манифестација Денови на култура во општина Илинден”, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија. Во духот на официјализирање на соработката меѓу Општина Илинден и Друштвото на писателите на Македонија, угледната манифестација започна со подновен концепт.

Денови на култура во општина Илинден 2023

Општина Илинден на 16 и 17 мај 2023 година, ќе ги реализира традиционалните Денови на културата, во чии рамки во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи 24-та Литературна манифестација „Илинден 2023“, а во соработка со Друштвото на писателите на Македонија. По тој повод денеска во просториите на ДПМ се одржа прес-конференција на која беше…