Ликовна изложба и културно уметничка програма во рамки на манифестацијата ,,Денови на културата во општина Илинден 2025”

Со отворање на ликовната изложба на тема „Пролетно уживање“ на младата Марта Патлиџанкова, официјално започна 26-та манифестација „Денови на култура во општина Илинден“. Делата на оваа млада уметница се изложени во Домот на култура Илинден, каде присутните можат да уживаат во разноликоста и убавината на нејзините дела. Делата кои го красат просторот се изработени со…

Отворена манифестацијата ,,Денови на културата во општина Илинден 2025”

Со проекција на филмот „Снежана на крајот умира“ започна манифестацијата „Денови на култура во општина Илинден 2025“. Вчера вечер, во Домот на култура Илинден, беше проектиран реномиран македонски филм во режија на Кристијан Ристевски. Граѓаните имаа можност да ја погледнат оваа драма со елементи на филмска комедија и да уживаат во глумата на истакнати македонски…

Денови на култура во општина Илинден 2025 „26-та Литературна манифестација“

Општина Илинден на 13, 14 и 15 мај 2025 година, ќе ги реализира традиционалните Денови на културата, во чии рамки во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи 26-та Литературна манифестација „Илинден 2025“, со поддршка на Министерството за култура и туризам, а во соработка со Друштвото на писателите на Македонија.

Одбележана 24-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

Денес, општина Илинден, со положување свежо цвеќе пред спомен плочата на Роберт Петковски, во населеното место Бунарџик, ја одбележа 24-та годишнина од неговата смрт. Како припадник на Министерството за одбрана, тој трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.

Со закројување на виновата лоза и ,,Саем на домашно вино” одбележан празникот на лозарите во општина Илинден

Со закројување на виновата лоза во дворот на црквата Свети Трифун во населеното место Ајватовци, Општина Илинден го одбележа празникот на лозарите. Празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија со која чиноначалствуваше владиката Јоаким од Дељадровско-Илинденска Епархија, што се одржа пред голем број верници.

Одбележана 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и патрониот празник на детската градинка

Во општина Илинден одбележана 153-тата годишнина од раѓањето на Гоце Делчев со два настана. По повод празникот детската градинка „Гоце Делчев“ го одбележа 16-тиот патронен празник.