Одржана 21. Регионална ревија на песни музика и игри во општина Илинден

Во Домот на култура во Општина Илинден се одржа 21.Регионална ревија на песни, музика и игри на пензионерски здруженија од регионот, во организација на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, а домаќин е Здружението на пензионери – Илинден.

Одбележан патрониот празник на ООУ ,,Гоце Делчев” во општина Илинден

Учениците од ООУ ,,Гоце Делчев” со бројни спортски активности и изложбени работилници  го одбележаа патронатот на училиштето и 120. годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Традиционално одбележувањето на патрониот празник почна со положување на свежо цвеќе пред бистата на македонскиот великан Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ…

Одбележана 22-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата во н.м. Бунарџик, општина Илинден ја одбележа 22-та годишнина од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.

Шаренило од маски, смеа и песна во пресред на Денот на шегата во општина Илинден

Во пресред на Светскиот денот на шегата 1-ви Април, ден кој децата со нетрпение го чекаат целата година, денеска во детската градинка ,,Гоце Делчев” и основните училишта во општина Илинден се одржа маскенбал, на кој можеа да се видат многу принцези, спајдермени, бетмени, полицајци, пеперутки, пчелички…

Со ,,Саем на домашно вино” и закројување на виновата лоза одбележан празникот на лозарите во општина Илинден

Традиционално со закројување на виновата лоза во дворот на црквата Свети Трифун во населеното место Ајватовци,  Општина Илинден го одбележа празникот на лозарите. Празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија што се одржа пред голем број верници.

Одбележан патрониот празник на детската градинка ,,Гоце Делчев” во општина Илинден

Со прекрасно продготвена приредба, пред поголем број гости, меѓу кои и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на свечен начин го одбележа 14-тиот патронен празник и 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев.