Општина Илинден продолжува со приклучување на домаќинствата кон канализацискиот систем

Општина Илинден продолжува со поврзување на домаќинствата кон канализацискиот систем за фекална канализација кој е во должина од 500 метри. Деновиве во тек е приклучување на домаќинствата од населеното место Марино на улица „409“ и „410“. Дополнително покрај овие две улици екипите на ЈКП „Водовод“ ќе продолжат со приклучување и на останатите домаќинства во тој…

Пробиени нови улици во општина Илинден

Градежните активности во oпштина Илинден се одвиваат со засилено темпо, при што се врши и пробивање на нови улици на повеќе локации во општина Илинден, кои се наоѓаат во урбан и вон урбан опфат, односно во земјоделските предели.  

Асфалтирање на улица и изградба на пешачка патека во Јака

Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта Општина Илинден започна со асфалтирање на улиците во населба Јака. Деновиве асфалт доби главната улица ,,120” која е на влезот во населбата во должина од 350 метри. Покрај асфалтирањето ќе биде изградена и пешачка патека по целата должина на улицата.

Нов паркинг простор во ООУ ,,Гоце Делчев”

Пуштен во употреба новиот паркинг простор на ООУ ,,Гоце Делчев” од општина Илинден кој е со капацитет за повеќе од 30 возила. Паркинг просторот е изграден во задниот дел на училиштето на површина од околу 600м², ограден со зелена површина, како и посебен  дел за велосипеди.