Биди дел од проектот „Зелена Општина Илинден“, еколошка акција в петок во н.м.  Ајватовци

Општина Илинден  продолжува со реализација на проектот „Зелена Општина Илинден“, во петок (25.11.2022 година) во населено место Ајватовци ќе бидат засадени 3000 садници, во соработка со претставници  од концептот  „Treebanks“,  непрофитна организација во секторот за зачувување на животната средина.

Општина Илинден за прв пат спроведе бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва,  земјоделците се наш приоритет во работата

Во насока кон унапредување на земјоделието, Општина Илинден во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, спроведе акција за бесплатни агрохемиски анализи на квалитетот на обработливата  почва од 20 различни локации во сите населени места во општината.

ПРИВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ ЗА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ИЛИНДЕН-МАРИНО

Општина Илинден продолжува со интензивна изградба на капиталниот проект Колекторски систем за фекална канализација во населените места Илинден и Марино во должина од 5000 метри.

Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) ја посети општина Илинден

Претставници на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) ја посетија општина Илинден при што остварија работна средба со градоначалникот Александар Георгиевски. На средбата се разговараше за заедничката соработа остварена меѓу ГИЗ и општина Илинден во делот на имплементирање на БФЦ сертификатот, како и имплементирање на регионалниот проект „Управување со отпад од пакување од стакло во…