Модернизирање на опремата на ЈКП „Илинден“ за поквалитетни услуги на граѓаните

Во насока на унапредување на комуналните услуги и обезбедување поквалитетен живот за граѓаните, Општина Илинден продолжува со вложување во модернизација и подобрување на опремата на општинските јавни комунални претпријатија.

Чистење на каналската мрежа

Со цел да се обезбеди проточност на каналската мрежа од почетокот на годината досега исчистени се околу 23 километри, отворени одводни канали што се наоѓаат на територија на општина Илинден, во соработка со АД Водостопанство „Скопско Поле“.

Извршена есенска дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година, општина Илинден изврши есенска дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територија на општината.

За првпат во општина Илинден набавена цистерна за перење на улици и достава на пивка вода

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на новата цистерна за перење на улици и достава на пивка вода на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Илинден“. Со ова, се прави чекор напред во унапредување на услугите, при што за првпат се овозможува континуирано перење на главните улици низ општината, нова услуга која досега ја немале…

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 12.09.2025 год. (петок ) со почеток во 22:00 часот, ќе се изврши четвртото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Општина Илинден ја споделува објавата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Почитувани, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави два јавни огласи за поддршка на домаќинства за купување инвертер клима уред и за финансиска поддршка на ранливи категории за потрошена електрична енергија.