Комплетно реконструирана улица „11“ во н.м Кадино

Општина Илинден продолжува со интензивни активности за унапредување на патната инфраструктура, при што деновиве успешно е завршена реконструкцијата на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино. Станува збор за значајна делница со должина од околу 500 метри и широчина од 5,5 метри, која доби целосно нов коловоз, со што значително се подобрува квалитетот…

Општина Илинден започна поставување на прв асфалтен слој на улица „11“ во н.м Кадино

Градежните активности за унапредување на локалната патна инфраструктура во Општина Илинден продолжуваат со засилено темпо, при што во населеното место Кадино се започна со поставување на прв асфалтен слој на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино.

Општина Илинден започна со реконструкција на улица „11“ во н.м Кадино

Градежните активности за унапредување на локалната патна мрежа во Општина Илинден продолжуваат со засилена динамика. Во изминатиот период продолжи реконструкцијата на вториот дел од улицата „11“ во н.м Кадино, проект кој значително ќе придонесе за подобрување на безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура за жителите.

Градоначалникот Георгиевски изврши увид на системот за фекална канализација во н.м Кадино

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на завршувањето на капиталниот инфраструктурен проект за изградба на фекална канализација, во најниските делови од источниот и јужниот дел на населеното место Кадино, во општина Илинден.