Општина Илинден, во соработка со Локалното собрание за млади, објавува јавен повик за пријавување на кандидати за членови на Локалниот младински совет, согласно одредбите од Статутот на Општината и Законот за младинско учество и младински политики.

Со повикот се предвидува можност за вклучување на претставници од младински организации, политички подмладоци, ученички и студентски организации, како и други облици на младинско здружување. Право на учество имаат сите жители на општината на возраст од 15 до 29 години кои сакаат активно да се вклучат во процесите на креирање и унапредување на младинските политики на локално ниво.

Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија (CV), како и информации за организацијата што ја претставуваат, доколку аплицираат како дел од одредена форма на здружување.

Пријавите се доставуваат по електронски пат на официјалната електронска пошта на Општина Илинден (ilinden@ilinden.gov.mk), со назнака „Апликација за Локален младински совет“.

Рокот за аплицирање е до 30 април 2026 година.

Ги повикуваме сите млади кои се заинтересирани да придонесат кон развојот на заедницата да ја искористат оваа можност и активно да се вклучат во работата на Локалниот младински совет.