Општина Илинден отпочна со реконструкција на спортските игралишта во ООУ Гоце Делчев

Продолжува реконструкцијата на спортските игралишта во сите населени места на територија на Општина Илинден. Деновиве отпочната е реконструкцијата на спортските терени за фудбал, ракомет и кошарка во ООУ Гоце Делчев, во Илинден.

Општина Илинден започнува со реконструкција на спортско игралиште во Кадино

Општина Илинден постојано работи на реконструкција и урбанизација на сите населени места со цел задоволување на потребите на сите граѓани. Деновиве е започната реконструкција на спортско игралиште во населеното место Кадино, поточно во дворот на основното училиште „Ристо Крле“. Со оваа реконструкција е предвидено поставување на нова заштитна ограда, осветлување со нови столбови и рефлектори,…

Асфалтирање со втор слој асфалт на улица „8“ во населба Илинден

Во рамки на активностите за реконструкција на улица „8“, во населба Илинден извршено е асфалтирање на улицата со втор слој асфалт во должина од 300 метри, како дел од втората фаза од реконструкција на улицата. Со овие градежни активности се изврши целосна реконструкција на улицата, а покрај асфалтирањето се изгради и нов тротоар во должина…

Известување за асфалтирање на дел од улица 8 во н.Илинден

Почитувани, Во рамки на програмата на општина Илинден за реконстукција и санација на локални патишта и улици, се работи фазно и етапно на реконстукција на коловозот и изградба на пешачка патека со одводнување на улица 8 во населба Илинден.

Општина Илинден продолжува со реконструкцијата на улица „8“ во населба Илинден

Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта продолжија градежните активности за реконструкцијата на улица „8“, во населба Илинден.