Поставено осветлување на мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци
Продолжува реализација на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување.
Продолжува реализација на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување.
Приоритет во работењето на локалната самоуправа во областа на патната инфраструктура е превенцијата во сообраќајот, односно зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на најзагрозената категорија пешаците и велосипедистите. Во тие рамки е и реализацијата на Проектот за подобрување на безбедноста во сообраќајот, патна сигнализација, пешачки патеки, кој има за цел подобрување на хоризонталната…
Општина Илинден продолжува со градежната офанзива со цел подобрување на условите за живот на граѓаните. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, отпочнаа градежните работи за реконструкција на дел од улица „11“ во населено место Кадино, во должина од околу 300 метри и широчина…
Интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура во општина Илинден. Денеска асфалт добија 4 краци на улица „531“ во населено место Марино, со вкупна површина од околу 800м2.
Општина Илинден продолжува со интензивно темпо за асфалтирање на улиците. Денеска асфалт добија крак на улица „9“ која се наоѓа позади црквата Свети Константин и Елена , во должина од 120 метри, како и крак 10 на улица „11“ во должина од 40 метри.
По претходно асфалтираните два крака од улица „11“ се продолжи со асфалтирање и на останатите 7 краци од истата улица. Деновиве се асфалтираа крак 2, крак 3, крак 5, крак 6, крак 7, крак 8 и крак 9. Со асфалтирањето на овие седум краци заврши комплетно асфалтирањето на сите 9 краци од улица „11“.