Свечено испратена нова генерација идни првачиња од детската градинка „Гоце Делчев“

Во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во општина Илинден се одржа свечена приредба по повод испраќање на генерацијата дечиња кои од септември ќе ги започнат своите први училишни денови.

Одбележан патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“

Во чест на патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“ во н.м Миладиновци, се одржа пригодна свеченост со која беше одбележано делото и значењето на Браќа Миладиновци за македонската просвета и култура.

Општина Илинден домаќин на Државното првенство во женски фудбал и футсал за основни училишта

Во Општина Илинден свечено беше отворено Државното првенство во женски фудбал и футсал за основни училишта, во организација на Училишниот спортски клуб „БРАМИЛ“, Сојузот на училишен спорт Илинден, Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Општина Илинден.

На прием кај градоначалникот на Општина Илинден претставници на проектот Еразмус+ од Шпанија

Градоначалникот Александар Георгиевски оствари прием со ученици и наставници од училиштето Иес Симон Перез од Шпанија, кои престојуваат во општина Илинден во рамки на проектот Еразмус+, што се реализира во соработка со ООУ „Гоце Делчев“.

Целосно реконструирано игралиштето при ООУ „Ристо Крле“ во Мралино

Општина Илинден го пушти во употреба реконструираното повеќенаменско игралиште во населеното место Мралино, современ спортско-рекреативен терен кој значително го менува изгледот и функционалноста на просторот и создава нов центар за спорт, дружење и активен живот на младите.

Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“

Учениците и наставниот кадар од ООУ „Гоце Делчев“ и оваа година со достоинство и почит го одбележаа патрониот празник на училиштето и 123-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.