Пуштен во употреба теренот на фудбалскиот стадион во Илинден

Со одигрување фудбалски натпревар беше пуштен во употреба теренот на фудбалскиот стадион во општина Илинден. Капитална инвестиција што ја реализираше Општина Илинден во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Овој проект претставува едно од најзначајните инфраструктурни вложувања во спортот на локално ниво и е симбол на континуираниот развој на општината.

Меморијален турнир во мал фудбал „Драганчо Стојановски-Прпе“ 2025

Во општина Илинден се одржа уште еден спортски настан. На спортскиот терен во Дељадровци пред голем број љубители се одржа Меморијален турнир во мал фудбал ,,Драганчо Стојановски-Прпе” 2025, на кој оваа година учествуваа 24 екипи од повеќе општини.

Манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден “

На спортските терени во општина Илинден изминатите два дена се одржа спортската манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден”, на кои се натпреваруваа учениците од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште ,,Илинден”.

Пуштени во употреба спортските игралишта во ООУ Гоце Делчев

Со одржување на спортски натпревари во фудбал и кошарка беа пуштени во употреба спортските игралишта за фудбал, ракомет и кошарка во ООУ Гоце Делчев, во Илинден, кои во изминатиот период беа целосно реконструирани.

Пуштено во употреба ново спортско игралиште во ООУ „Ристо Крле“ – н.м Кадино

Општина Илинден продолжува со подобрување и унапредување на условите во образовните установи во сите населени места. Како дел од заложбите за подобрување на наставата по физичко образование и промоција на здрави навики меѓу младите, денес во дворот на Основното општинско училиште „Ристо Крле“ во Кадино беше пуштено во употреба ново, повеќенаменско спортско игралиште.