Државно првенство во џудо и џиу џица во општина Илинден

Во Општина Илинден, денес е центарот на спортските случувања, каде во спортската сала ,,Гоце Делчев” се одржува државно првенство на џудо и џиу џица. Федерациите на џудо и џиу џица ги одржуваат државните првенства за категориите пионери и сениори. На ова државно првенство учествуваат 14 екипи од повеќе градови од Македонија, каде терените се борат…

За прв пат во Општина Илинден теретана на отворено

Жителите во Општина Илинден за прв пат ќе добијат спортска теретана на отворено. Локацијата на оваа теретана е кај пешачко – велосипедската патека во Марино, а во тек е поставување на фитнес справите за вежбање.

Општина Илинден ќе гради атлетска патека – атлетичарот Дарио Ивановски на прием кај градоначалникот

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во својот кабинет го прими атлетичарот Дарио Ивановски од Општина Илинден, заедно со неговиот тренер Игор Јакимовски, кој од маратонот во Севиља, Шпанија се врати со голем успех за него но и за Македонија. Со последниот резултат во дисциплината маратон кој го трчаше Дарио на 18.02.2024 година во Севиља,…

Младиот боксер Лука Трифуновиќ на прием кај градоначалникот на Општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во својот кабинет го прими младиот боксер од Општина Илинден и член на Боксерскиот клуб „Илинден“, Лука Трифуновиќ, по повод освоеното I место, на Државното првенство во бокс, категорија јуниори. Во оваа пригода градоначалникот Георгиевски упати честитки за освоеното прво место и истакна дека Општина Илинден е поддржувач на…

Пуштено во употреба игралиште за баскет во Мралино

Во рамки на повеќе дневните активности за одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“, денеска беше пуштено во употреба игралиштето за баскет кое се наоѓа до подрачното училиште Ристо Крле во населеното место Мралино.