Асфалтирана ул. „30“ во населба Илинден

Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, Општина Илинден изврши целосната реконструкција на улицата „30“ во населбата Илинден, во м.в. Плац. Станува збор за сообраќајница долга 600 метри и широка 4 метри, којашто доби целосно обновен и современ изглед.

За првпат во општина Илинден набавена цистерна за перење на улици и достава на пивка вода

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на новата цистерна за перење на улици и достава на пивка вода на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Илинден“. Со ова, се прави чекор напред во унапредување на услугите, при што за првпат се овозможува континуирано перење на главните улици низ општината, нова услуга која досега ја немале…

Спроведена оперативна акција за сообраќајна безбедност

Безбедноста во сообраќајот е приоритет за локалната самоуправа и надлежните институции. Вечерва, на улиците во општина Илинден беше спроведена заедничка оперативна акција за зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Асфалтирање на улица „1“ во Јака

Инфраструктурните активности во Општина Илинден продолжуваат со динамично темпо – во населеното место Јака во тек е финалната фаза од изградбата на сервисната улица „1“. Во моментов се врши асфалтирање на коловозот, со што проектот влегува во својата завршна етапа.