Пуштено во употреба ново детско катче во Мршевци

Општина Илинден го пушти во употреба новото детско катче во населеното место Мршевци. Станува збор за детско игралиште на кое се поставени нови детски реквизити, нишалки, лизгалки, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина,  нова заштитна ограда, како и терен за баскет кој е во финална фаза.

Санација на улици во општина Илинден

Општина Илинден продолжува со интензивно темпо за реконструкција и санација на улиците. Денеска почнаа градежните активности за санација на краците 4 и 5 од улица „8“ во населеното место Миладиновци.

Асфалтирана улица во Бунарџик

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на локалната патна инфраструктура, со цел да се обезбедат квалитетни услови за живот на граѓаните. За таа цел извршено е асфалтирање на главната улица во населеното место Бунарџик, која го опфаќа пристапот до ПОУ Ристо Крле, Домот на култура и игралиштето за мал фудбал во вкупна должина од 650…

Чистење на каналската мрежа

Со цел да се обезбеди проточност на каналската мрежа од почетокот на годината досега исчистени се околу 22 километри, отворени одводни канали што се наоѓаат на територија на општина Илинден, во соработка со Водостопанство „Скопско Поле“, додека во соработка со ЈКП „Илинден“, општествено одговорни компании и граѓаните досега исчистени се околу 34 километри каналска мрежа.

Реконструкција на главната улица во Бунарџик

Во рамки на реалзација на проектот за реконструкција, рехабилитација и санација на локални патишта и улици, Општина Илинден отпочна со градежни активности за целосна реконструкција на главната улица во населеното место Бунарџик. Со градежните активности кои се во тек се врши целосно реконструирање на улицата и нејзино асфалтирање во вкупна должина од околу 500 метри,…