На посета кај градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, беа ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“
Учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“, заедно со директорот на училиштето и дел од наставниот кадар, остварија средба со градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, по нивното враќање од тридневната посета на збратименото училиште ООУ „Ѓура Јакшиќ“ во српската општина Ќуприја.

