Изградба на нова линија за фекална канализација за дел од населба Илинден

ЈКП „Водовод“ започна со изградба на фекална канализација на ул.9 во населба Илинден во близина на општинската зграда. Новата линија ќе биде во должина од околу 150 метри и ќе ги прифати отпадните води од околу 10 домаќинства. Новата линија за канализација ќе биде дел од фекалната канализација припадна површина 8 Илинден. Градоначалникот на Општина…

Реконструкција на улица 36 во населба Илинден

Интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура на територија на Општина Илинден. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта отпочнаа градежните активности на улица „36“ во локалната економска зона „Карагач“ во населба Илинден.

Асфалтирани улици во Дељадровци и Текија

Општина Илинден со интензивно темпо работи на подобрување на патна инфраструктура во сите населени места. Деновиве асфалт добија два крака на улица „1“ во населено место Дељадровци во вкупна должина од околу 200 метри, како и две улици во населено место Текија, односно на улицата кај подрачното основно училиште и улица „1“ кои вкупно зафаќаат…

Реконструкција на улици во Текија

Општина Илинден продолжува со реконструкција на неколку улици на нејзина територија, со цел подобрување на патна инфраструктура. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, деновиве започна реконструкција и санација на две улици во населено место Текија. Станува збор за реконструкција на улицата кај подрачното…

Реконструкција на улици во Дељадровци

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на постоечката патна инфраструктура. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта,  деновиве започна реконструкција и санација на два крака на улица „1“ во населено место Дељадровци во вкупна должина од околу 200 метри.

Пуштено во употреба ново детско игралиште во Ајватовци

Денес во населеното место Ајватовци беше пуштено во употреба новото детско игралиште. Во рамки  на игралиштето поставени се детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка,  клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи и панелна ограда.