Општина Илинден за прв пат спроведе бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва,  земјоделците се наш приоритет во работата

Во насока кон унапредување на земјоделието, Општина Илинден во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, спроведе акција за бесплатни агрохемиски анализи на квалитетот на обработливата  почва од 20 различни локации во сите населени места во општината.

Одбележана 21-та годишнина од смртта на Драго Маневски,  македонски бранител и припадник на безбедносните сили

Со положување на свежо цвеќе пред спомен плочата на припадникот на македонските безбедносни сили Драго Маневски, Општина Илинден ја  одбележа 21-та годишнина од смртта на нашиот сограѓанин кој го положи животот во борба за татковината.

Безбедноста на учениците е врвен приоритет, реализирана вежба за евакуација при елементарни непогоди при ООУ „Браќа Миладиновци“

Во централното општинско основно училиште ООУ, „Браќа Миладиновци“, денеска беше изведена показна вежба за евакуација при елементарни непогоди.

Партиципативно учество на граѓаните во креирањето на Буџетот на Општина Илинден за 2023 година

Почитувани граѓани, Општина Илинден го започнува процесот на изработка на новиот Буџет за 2023 година. Врвен приоритет на Општина Илинден е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните.

Се конституираше Локалниот младински совет на Општина Илинден

Денеска во просториите на Општина Илинден се конституираше Локалниот младински совет на кој присуствуваше и градоначалникот Александар Георгиевски кој им посака успешна работа и реализација на предвидените проекти во спроведувањето на локалните младински политики.