Поставен камен-темелник на нов стопански објект на австриската компанија „Текспорт“ во Општина Илинден

Објавено на: 21.10.2015 - 16:31

Во присуство на поголем број граѓани и стопанственици во локалната економска зона Марино-Кадино, во Општина Илинден, на свечен начин беше поставен камен темелник за отпочнување со градба на нов стопански објект на австриската компанија од областа на текстилната индустрија „Текспорт“.

Камен темелникот го поставија градоначалникот на Општина Илинден, м-р Жика Стојановски и сопственикот на компанијата „Текспорт“, Отмар Шнајдер.

Компанијата „Текспорт“ од Австрија која што се занимава со производство на  заштитна облека, во Општина Илинден почна да гради фабрика на површина од 5.000 метри квадратни. Според инвеститорите, вкупната инвестиција изнесува повеќе од 4 милиони евра, при што ќе се отворат 450 до 500 нови работни места.

-Денес сме посебно радосни и среќни затоа што знаеме дека „Текспорт“, како странска директна инвестиција, ќе донесе нови технологии, ќе усвои нови практики, ќе пренесе многу знаење, и според најавите на инвеститорот отворање на повеќе од 450 нови слободни работни места, а со тоа и решавање на егзистенцијалните прашања на повеќе семејства од нашата општина и регионот, истакна градоначалникот Стојановски обраќајки им се на присутните за време на поставувањето на камен-темелникот

Притоа, тој истакна дека е горд што компанијата „Текспорт“ станува дел од големото бизнис семејство на Општина Илинден, особено што станува збор за една од поголемите инвестиции, но и за компанија која што како темел го има семејниот бизнис.

Отмар Шнајдер искажувајќи голема благодарност до градоначалникот Стојановски и неговите соработници, кои, како што рече, имаат голема заслуга за реализацијата на овој проект, истакна дека „Текспорт“ е производител со највисок и најиновативен квалитет на противпожарна облека во светот. Притоа, тој додаде дека инвестицијата во Општина Илинден е најголемата инвестиција на компанијата „Текспорт“. 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013