Известувања

Велосипедска трка „Трофеј Илинден 2019“

Професионалната велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2019”, која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација и се бодува за купот на нашата земја, е централен настан на Спортскиот викенд „Илинден 2019“.

Изложба на Снежана Колевска, во Домот на култура „Илинден“

На 26.07.2019 година (петок) со почеток во 12:00 часот, во Домот на култура „Илинден“ ќе биде отворена изложба на слики на Снежана Колевска.

Известување - терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 25.07.2019 год. (четврток ) со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши  терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција)  за уништување на возрасни форми на комарци.

Крводарителска акција по повод Денот на Општината во Домот на култура „Илинден“

На 24.07.2019 година (среда) од 9:00 до 14:00 часот во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи традиционалната крводарителска акција, што се организира секоја година во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Во петок приградската линија 66А ќе сообраќа со изменет режим

Ве известување дека во петок (19.07.2019 год) линијата 66А (Транспортен центар-Дељадровци) во терминот во 10 часот ќе сообраќа скратено, односно до Миладиновци, наместо до крајната станица во Дељадровци.

Известување за интерактивна вежба за заштита и спасување

Се известуваат граѓаните на Општина Илинден дека на ден 19.07.2019 година (петок) Дирекцијата за заштита и спасување ќе одржи интерактивна вежба за заштита и спасување “Заеднички одговор 2019“. Поради ова, во периодот од 10:00 до 11:30 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат Миладиновци-Текија, а од 13:00 до 14:00 часот локалниот пат Дељадровци-Мршевци.

Изложба на словенечката сликарка Аленка Герлович, во Домот на култура „Илинден“

Во организација на Словенечката амбасада во нашата земја и Општина Илинден на 9 јули 2019 година (вторник) со почеток во 19:00 часот, во Домот на култура „Илинден” ќе биде отворена изложба на словенечката сликарка Аленка Герлович.

Известување - прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 20.06.2019 год. (четврток ) со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши  терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција)  за уништување на возрасни форми на комарци.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕСТРИКЦИИ НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО

 Се известуваат граѓаните од населените места Миладиновци и Бујковци дека поради интервенции во собирните резервоари за вода од страна на АД Рафинерија за нафта - ОКТА ќе има рестрикции во водоснабдувањето со посебен режим на испорака на вода во следните денови:

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Општина Илинден дека на ден 02.04.2019 година (вторник) во периодот од 09:00 до 19:00 часот заради изведување на градежни работи на локалниот пат Кадино-Клучка автопат А4, за сообраќај ќе биде затворен делот на патот од  кај кривината во н.м Кадино (каде што е предвидена изградба на кружен тек) до раскрсницата со н.м Мралино.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013