Поставен камен темелник на Модуларно средно и основно училиште во Општина Илинден

Published on: 26.10.2011 - 08:41

Во Општина Илинден, во присуство на поголем број граѓани, на свечен начин беше поставен камен темелник на првото Модуларно средно и основно училиште.

Камен темелникот го поставија министерот за образование и наука Панче Кралев, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и амбасадорот на Република Словенија, Ален Брајан Бергант, додека чинот на осветување го изврши Архиепископот Охридски и Македонски, Неговото Блаженство г.г Стефан.

Модуларното училиште што го гради фирмата “Тримо“, се наоѓа до детската градинка во населба Илинден, односно до новоизградените тениски игралишта и спортската сала “Гоце Делчев“. Објектот што ќе биде на два ката и изграден по сите најсовремени стандарди, треба комплетно да биде завршен во рок од шест месеци.

Изградбата на училиштето ќе чини 1,5 милиони евра, од кои еден милион се обезбедени од Буџетот на Општината, а 500 илјади евра се грант од словенечката влада, како дел од реализираната билатерална соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија кои што на 13 мај 2011 година потпишаа Меморандумот за меѓународна развојна соработка. Проектот на Општина Илинден-Изградба на Модуларно училиште е избран за прв проект за реализација од програм

ата на оваа билатерална соработка.

Во Општина Илинден, во трите централни и петте подрачни основни училишта денес учат вкупно 2.000 ученици. 

 
 
 
 
 
 

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013