Со богата приредба одбележан патрониот празник на ОУ „Ристо Крле“

Објавено на: 04.11.2015 - 11:12

Со богата приредба, под мотото „Времеплов на спомени“, учениците од ОУ „Ристо Крле“, од н.м. Кадино и подрачните училишта во Мралино и Бунарџик, на свечен начин го одбележаа 36 патронен празник на училиштето.

Спортската сала беше претесна да ги прими сите оние што сакаа да го проследат одбележувањето на патронатот, а меѓу присутните ученици, родители и гости беше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Учениците се претставија со богатата културно-забавна програма што беше исполнета со драмски точки, рецитали, ритмички вежби, хорска изведба, фолклор...За прекрасно изведените точки учесниците во приредбата беа наградени со бурни аплаузи.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013