Пред бројна публика се одржаа натпреварите во штафетно трчање во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2015“

Објавено на: 26.07.2015 - 00:46

Во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2015“, што се организира по повод Денот на Општина Илинден, „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, пред бројна публика се одржаа традиционалните натпревари во трчање.

Во трките на 300 и 600 метри во машка и женска конкуренција, штафетните трки за основци во машка и женска конкуренција, како и штафетната трка 4Х800 метри во машка и женска конкуренција за средношколци учествуваа повеќе од 200 ученици од трите основни училишта и средното стручно училиште „Илинден“, Од Општина Илинден.

И годинава најголем интерес предизвикаа штафетните трки кои што стануваат заштитен знак на Спортскиот викенд „Илинден“. Во некои трки, буквално фото финишот пред Спортската сала „Гоце Делчев“ решаваше за победникот.

Во трките, како и во изминатите години учествуваа и најмладите, дечињата од градинката „Гоце Делчев“ кои со овации и бурни аплаузи од многубројните присутни гледачи беа пречекани на целта.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013