Под мотото „Што сакам да бидам“ се одржа завршната приредба во градинката „Гоце Делчев“

Објавено на: 28.05.2015 - 13:37

Со завршна приредба што под мотото „Што сакам да бидам“ се одржа во дворот на градинката „Гоце Делчев“, дечињата од големите групи со песна и игра се поздравија со своите воспитувачки и негувателки.

Вработените во градинката и „малите дипломци“ на присутните родители и гости им приредија вистинско пријатно изненадување. Со одлична сценографија, прекрасни костими и музика, дечињата ги искажаа своите желби за тоа што сакаат да бидат кога ќе пораснат, за што беа наградувани со бурни аплаузи.

Идните првоодделенци облечени во специјални наметки, богатата приредба ја завршија со традиционалното фрлање на капите.

Ова беше шеста завршна приредба што од нејзиното постоење досега ја реализира градинката „Гоце Делчев“, по повод испраќањето на дечињата во училиште. Годинава 69 дечиња ги минуваат последните денови во градинката, а од септември ќе седнат во училишните клупи. 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013