ОУ „Браќа Миладиновци“ свечено го одбележа патрониот празник

Објавено на: 11.06.2015 - 11:18

Учениците од ОУ „Браќа Миладиновци“, од Миладиновци и подрачните училишта во Текија и Мршевци, на свечен начин, со богата културно-забавна програма, под мотото „Знаењето е сила, знаењето е моќ“, го одбележаа  патрониот празник на училиштето.

Во прекрасна атмосфера, на одлично подготвената сцена во училишниот двор, учениците  се претставија со повеќе интересни точки. Дождот не беше пречка на патронатот да присуствуваат голем број на гости и родители.

Присутните со уживање ја следеа богатата  програма  исполнета со рецитали,  хорска изведба, драмски точки, музички точки, фолклор, ритмички вежби...За цело време на приредбата, за прекрасно изведените точки учениците беа наградувани со бурни аплаузи.

 

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013