Отворена фабриката Гранд Фудс Корпорејшн во економска зона Марино-Кадино

Објавено на: 26.11.2015 - 10:54

Нова домашна инвестиција од 6,5 милиони евра во Општина Илинден

Показател, индикатор за одржлив Локален Економски Развој во општина Илинден, претставува изградбата и пуштањето во употреба на нови производствени погони, кои во континуитет креираат нови, реални, слободни работни места.

Токму во таа насока денес во локланата економска зона Марино-Кадино во Општина Илинден, Градоначалникот Жика Стојановски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и сопствениците Стојмен Јордановски и Горан Јордановски го пуштија во употреба новиот објект на компанијата „Гранд фудс корпорејшн“.

На површина од 6.000 метри квадратни, компанијта „Гранд фудс корпорејшн“ отвори еден од најголемите софистицирани погони на Балканот и во Југоисточна Европа за производство на кроасани со вкупна инвстиција од 6,5 милиони евра и овозможи отворање на нови 200 вработување, од кои 90 работни места во производствениот погон и 110 работни места во дистрибутивната мрежа.

 

Градоначалникот Жика Стојановски истакна дека ова е една од најголемите инвестиции во општина Илинден која како и другите придонесува за локален економски развој и за отварање нови работни места.

Вицепремиерот Зоран Ставрески на отворањето истакна дека целта и на централната и на локалната власт е да даде поддршка на вакви успешни бизниси и посочи дека Владата работи на создавање поволна бизнис клима.

Сопственикот и основачот на компанијата, Стоимен Јордановски истакна дека почетоците на оваа успешна семејна приказна почнуваат пред 25 години и изрази задоволство што нивната визија станала реалност.

Главниот извршен директор Горан Јордановски истакна дека станува збор за комплетно сопствена инвестиција и дека според инсталираниот капацитет е најголема фабрика за производство на кроасани во овој дел на Европа.

Со отворањето на новиот стопански објект на „Гранд фудс корпорејшн“ се продолжува инвестицискиот циклус во општината, се зголемува со нов член бизнис семејството на Општина Илинден како и се придонесува во намалување на стапката на невработеноста.

 

 

 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013