Новогодишен концерт на ансамблот „Илинден“ во Домот на култура „Илинден“

Објавено на: 28.12.2015 - 15:50

Со богат сплет од македонски песни и ора, Ансамблот за народни песни и игри „Илинден“ го одржа традиционалниот новогодишен коцерт во Домот на култура „Илинден“.

Во Домот на култура се случуваше вистински празник на фолклорот, а присутните имаа ретка можност да уживаат во звуците на македонската песна, изворните ора и колоритните народни носии.

Бурните аплаузи беа награда за младите играорци кои станаа вистински амбасадори на нашето фолклорно творештво, преку кои продолжуваме да го негуваме македонскиот народен танц, оро и песна.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013