Натпревар по „Брзо пиење на кригла точено пиво“ во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2015“

Објавено на: 01.07.2015 - 13:34

Општина Илинден имаше чест во соработка со Скопска Пивара да го организира првиот натпревар во „Брзо пиење на кригла точено пиво“ кај нас, како неофицијален дел од Спортскиот викенд „Илинден 2015“, што се одржува во рамките на одбележувањето на Денот на Општината „Илинден 2-ри Август“.

Најдобар, односно најбрз меѓу 12-те „величествени пивопијци“, колку што учествуваа на овој прв натпревар од ваков вид кај нас, што се одржа на терените на спотртско рекреативниот центар во Марино, беше Зоран Тушевски кој во финалето се покажа како „поголем“ љубител на пивото од конкурентот Иво Блажевски.

Според пропозициите во првиот круг по испиена една кригла пиво од половина литар, отпаднаа „побавните“ шестмина. Во вториот круг тие пиеја по 2 кригли пиво по што отпаднаа четворица. Во финалето првите двајца мораа да испијат по 3 кригли пиво за да се добие најбрзиот пијач на пиво на овој натпревар.

За финалистите, како и за сите натпреварувачи следуваа пригодни награди.

Овој несекојдневен настан предизвика вистинско воодушевување кај присутните кои со бурно навивање ги бодреа натпреварувачите.

Најверојатно овој настан ќе стане традиција и дел од Спортскиот викенд „Илинден“, и се разбира во иднина со многу поголем број натпреварувачи.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013