Коледарчињата го најавија славењето на Божик

Објавено на: 06.01.2016 - 13:54

Малите коледарчиња од Општина Илинден, пеејќи ја христијанската коледарска песна „Вечниот Бог“, во Домот на култура „Илинден“ го најавија славењето на Бадник и Божик.

Традиционално, веќе четврта година по ред, носејќи ја  макетата на Витлеемската пештера која ја симболизира пештерата во која се родил Исус Христос, тие ја носеа веста за Христовото раѓање.

Негувајќи ја традицијата, за убавата вест, на младите коледарчиња Општината им подари јаболчиња, портокали, сокчиња, костени, бомбони...

Оваа прекрасна манифестација стана традиција и составен дел од одбележувањето на Божик во Општина Илинден. Инаку, со Бадник завршува шестнеделниот пост со кој верниците се подготвуваат да го пречекаат најрадосниот ден, денот на раѓањето на Исус Христос. Затоа на овој ден се е во знакот на радоста, среќата, љубовта, разбирањето и благосостојбата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013