Јован Стојанов најдобар на шаховскиот турнир во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2015“

Објавено на: 25.07.2015 - 20:40

Јован Стојанов е победник на турнирот во шах што се одржа во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2015“, како дел од програмата за одбележување на Денот на Општина Илинден, „Илинден 2-ри Август“ и националникот празник на македонскиот народ. Второто место на турнирот што се одржа во Домот на култура „Илинден“ го освои Зоран Стојановски, а трет беше Илија Стошевски. Најдобро пласирани натпреварувачи од Општина Илинден, со ист број на освоени поени, беа Душан Сурловски и Трајче Христовски.

И на годинешниот турнир, на кој учествуваа 24 шахисти, како што велат луѓето од Шаховската федерација на Македонија, со чија поддршка Општина Илинден го реализираше турнирот, се демонстрираше шах со врвен квалитет. Според зборовите на интернационалниот мајстор Димче Илиевски, кој беше еден од судиите, присутните беа сведоци на повеќе квалитетни партии и маестрални потези кои само уште еднаш потврдуваат зошто шаховската игра денес има толку многу вљубеници ширум светот. Она што особено радува е податокот што на турнирот за прв пат учествуваа повеќемина млади шахисти.

На искушението да одигра некоја партија шах не му одолеа ни градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, кој е добар познавач на оваа игра, пред да им ги додели пригодните награди на најуспешните шахисти на турнирот. 

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013